17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе чистеше Водно и се поставија нови табли со пораката „В џеб,...

Се чистеше Водно и се поставија нови табли со пораката „В џеб, ако нема каде друго“

%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%be

Активистите во неделата поставија нови дрвени табли со пораката „В џеб, ако нема каде друго“ и ги расчистија падините на скопско Водно од отпадоци.

Овојпат таблите беа поставувани на Средно Водно и на пешачките патеки кои водат до ова место.

Ова беше уште една акција во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго“, во која учествуваат млади од различна етничка припадност, во организација на Движењето ЛЕАД.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП