16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Клиниката за онкологија ставен во функција новиот современ CT симулатор

На Клиниката за онкологија ставен во функција новиот современ CT симулатор

%d1%81%d1%82%d1%81

На Клиниката за онкологија во неделата во функција беше ставен комплетно нов најсовремен CT симулатор, кој е осум пати побрз од досегашниот и е наменет за петнаесет пациенти на ден.

Стариот кој беше досега користен, во функција беше колу 14 години и истиот бил 1 слајсен, додека, пак, новиот е 16 слајсен и е осум пати попрецизен.

„Станува збор за набавка во вредност од 32,7 милиони денари и со ова се стави во функција нов и најсовремен CT симулатор во државата нешто без што е незамислива работата на оваа клиника имајќи во предвид дека секој пациент пред да започне со зрачна терапија треба да помине на овој симулатор“, рече министерот за здравство Никола Тодорв, кој беше во посета на Клиниката.

Овој симулатор ќе може да опслужува од десет до петнаесет пациенти дневно, со што ќе бидат опфатени сите пациенти на кои им е потребен овој преглед.

Стариот симулатор кој сé уште е во функција се планира да биде пренсен во Битола, каде што ќе претставува надополнување на новиот акцелератор којшто, исто така. е набавен и треба да биде монтиран.

„Машината има многу подобра резолуција и е многу понова генерација, брзината со која то работи е поголема за дури 16 пати. Сега можеме да ги работиме сите контрастни методи коишто ни се потребни, бидејќи ни даваат многу попрецизна слика за крвното снабдување на целата таа регија којашто сакаме да ја опфатиме. Исто така, и сликата е со многу подобри перформанси“, појасни за новинарите директорот на Клиниката за онкологија, д-р Милан Ристески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП