26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефект е причината што неколку згради во Центар се без парно

Дефект е причината што неколку згради во Центар се без парно

parnopar558

Поради дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа, кај објектот на Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, попозната како „Стара Градска болница), неколку згради во центарот на Скопје времено не се во можност да добијат толинска енергија, инфромираа во неделата од операторот БЕГ.

Дефектот во мрежата предизвика прекин на греењето во болницата „Cвети Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.

Дежурните екипи на БЕГ-Дистубуција се на терен и интензивно работат на санирање на дефектот. Поради големината на дефектот, во овој момент, невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но екипите прават напори редовното снабдување со топлина во овој дел од градот да биде воспоставено во текот на денешниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП