22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП-то на САД со најголем раст од пред 2 години

БДП-то на САД со најголем раст од пред 2 години

amerika-rabotnici-33

Бруто домашниот производ на САД се зголеми за 2,9% во третиот квартал во оваа година, откри објавениот извештај на американското Министерство за трговија. Тоа е најголемиот раст на економијата во земјата во последните две години, забележува „Reuters“.

Просечната прогноза на група аналитичари анкетирани од „Reuters“ беше за раст од 2,5%. За растот придонесе зголемување на извозот, како и во резервите на трајни добра. Тоа овозможи да се компензира за скромниот раст во потрошувачката, која порасна со 2,1% во третиот квартал, во споредба со 4,3% во претходните три месеци.

Резултатот покажува сериозно подобрување во однос на првата половина од годината, кога БДП-то беше голем со средна стапка од само 1,1%. Тоа можеби ќе даде дополнителна основа на Федералните резерви да ја зголеми каматната стапка во декември.

Централната банка на САД се фокусира главно на податоците за вработувањето и инфлацијата, но сигналите за економско подобрување го поддржуваат едно такво решение.

Американскиот долар забележа извесно намалување по објавувањето на извештајот и во моментов доларскиот индекс се движи со 0.24% пад на 98.68 поени. Еврото се разменува за 1.0932 долари, или со 0,32% во последното ниво на затворање. Во исто време вредноста на британската фунта се зголеми за 0.11% до 1.2176.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП