21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBNP Paribas ги надмина очекувањата за профитот

BNP Paribas ги надмина очекувањата за профитот

bnp-paribas399

Француската банка „BNP Paribas“ забележа подобра од очекуваната нето добивка за третиот квартал, поддржана од растот на трговијата со фиксен приход.

Кредиторот со седиште во Париз – најголемата на берза француска банка по актива, соопшти дека нето нејзинот профит се зголеми за 3% до 1,89 милијарди евра во трите месеци до 30-ти септември и покрај сметководствените трошоци од 202 милиони евра поврзани со нејзинот долг. Приходите се зголемени за 2% до 10,59 милијарди евра.

Нето добивката е доста над очекувањата на аналитичарите за 1,62 милијарди евра, покажува истражувањето на „FactSet“.

Француската банка заработува од обновата на трговијата со обврзници што го поддржи профитот во третиот квартал на американските и европските банки и помогна да се компензираат ниските каматни стапки и мачниот економски раст.

Бизнисите со фиксен приход на „BNP Paribas“ предвидоа скок од 41% на приходите, што ги зголемува приходите од корпоративното и инвестициското банкарство со 13% до 2,91 милијарди евра во трите месеци до крајот на септември.

Единицата на банката за меѓународни финансиски услуги, која вклучува банкарство на мало надвор од еврозоната, управувањето на благосостојбата, потрошувачките финансии и осигурување, исто така предвиде зголемување на приходите од 4% до 3,95 милијарди евра.

Приходите од банкарство на мало во Франција, Италија, Белгија и Луксембург, сепак остануваат без промена на ниво од 3,92 милијарди евра, погодени од перманентно ниските каматни стапки.

Повисоката добивка како целина го поддржала соодносот на основниот капитал од прв ред на „BNP Paribas“ до 11,4% во септември од 11,1% во јуни.

Банката вели дека цели соодносот да достигне 12% до крајот на 2018-та година.

„BNP Paribas“ е првата голема француска банка која ги објави резултатите за третиот квартал. „Societe Generale“ ќе ги објави своите резултати на 3-ти ноември, а „Credit Agricole“ на 8-ми ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП