17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо октомври инфлацијата во Германија достигна двегодишен максимум

Во октомври инфлацијата во Германија достигна двегодишен максимум

infagermanija33

Инфлацијата во Германија достигна двегодишен максимум во октомври, кога енергијата поевтини значително помалку.

Првичните податоци покажуваат дека годишната инфлација во најголемата европска економија се забрза повеќе од очекуваното до 0,8 отсто во октомври во однос на 0,7 отсто во септември, соопшти германската Сојузна статистичка служба.

Аналитичарите очекуваа потрошувачките цени овој месец да останат без промена на нивото од септември.

Октомвриската инфлација во Германија е највисока од истиот месец од 2014-та година. Во јули и август потрошувачките цени се зголемија за 0,4 отсто.

Во понеделник (31-ти октомври) ќе бидат објавени првичните податоци и за инфлацијата во еврозоната, за кои експертите очекуваат да покажат забрзување на показателите.

Цените на енергијата остануваат главен фактор кој врши притисок врз потрошувачките цени во Германија, иако темпото на пад е забавено од 3,6 отсто во септември до 1,4 отсто во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП