24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ја посетиле 32% помалку странци во првите девет месеци од 2016-та

Турција ја посетиле 32% помалку странци во првите девет месеци од 2016-та

turki30

Бројот на странски туристи во Турција е намален за 31,9% до 20,2 милиони луѓе во првите девет месеци од оваа година во однос на истиот период од претходната година, објави „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на податоци на Министерството за туризам.

Бројот на странски туристи во Турција забележал пад од 32,84 проценти во септември до 2,86 милиони луѓе.

Септември беше 14-ти месец по ред со пад во бројот на странски туристи во Турција како резултат на неколкуте терористички напади, потоа спречениот обид за државен удар и на тензиите со Русија. Ова е петти месец по ред во кој бројот на туристи бележи пад за повеќе од 30%.

Германските туристи имале најголем удел меѓу странските туристи во Турција во септември – 14,8%, иако нивниот број е намален за 36,1 отсто во споредба со истиот месец во 2015-та година.

На второ место меѓу странските туристи кои ја посетиле Турција во септември, биле британските туристи – 9,2%, а нивниот број се намалува за 35,5 проценти во однос на истиот месец од претходната година.

На трето место меѓу странските туристи во септември биле туристите од Грузија – 7,8%, додека бројот им е зголемен за 6,3 отсто во однос на истиот месец од 2015-та година.

Бројот на туристите од Русија се намали за 60% во септември и биле 7,3% од вкупниот број на странски туристи во позадина на 12,4 отсто во истиот месец од минатата година.

Односите на Анкара и Москва почнаа да се подобруваат од јуни по неколкумесечните тензии по соборувањето на рускиот авион на границата со Сирија од страна на турските военовоздухопловни сили, во ноември 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП