28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА9 нешта кои треба да ги направите кога ќе прегорите на работа

9 нешта кои треба да ги направите кога ќе прегорите на работа

stress1-660x330

Обидете се да го исконтролирате стресот пред тој да започне да ве контролира вас. Доколку се чувствувате преморено, премногу работите и сфаќате дека наскоро ќе прегорите, време е да поработите на себе.

Овој вид на замор прво влијае на вашето ментално и психичко здравје, оневозможувајќи да се концентрирате. Повратете ја контролата над себе, советува Success и откријте ги механизмите со кои можете да си помогнете на себе.

1. Останете активни и во текот на викендот – слободните денови поминете ги далеку од канцеларијата и освежете ја својата енергија, природата најмногу ќе ви помогне во овој дел.

2. Научете да управувате со стресот – воведете едноставни рутини во своето секојдневие како што се медитацијата и тренингот, слушајте музика за релаксација.

3. Направете детокс од медиумите – исклучете го телевизорот, телефонот, мејлот, не ги прелистувајте интернет страните и не се полнете со најразлични приказни, едноставно исклучете се од дигиталниот свет.

4. Во истиот момент променете ја својата перспектива – кога ќе сфатите дека сте прегореле запрете се во истиот момент и целосно променете го своето опкружување.

5. Направете во својот распоред место за целосно исклучување – на секој му е потребно време за одишка.

6. Наспијте се во тишина – спијте колку што ви е потребно, не грижете се дали домот ви е среден, дали некои обврски не сте ги дозавршиле, едноставно спијте, одмарајте и регенерирајте се.

7. Најдете го изворот на болка и отстранете го – обично само еден дел од работата ни создава буквално мака. Пронајдете кој дел ве револтира и отстранете го.

8. Извадете ја негативата од себе со пешачење – излезете на прошетка, дури и за време на работа, свртете еден круг, слушајте ја омилената музика и вратете се освежени.

9. Помогнете му на некого – прекрасен начин да се освежите е да направите добро дело. Помогнете му на некого и не очекувајте ништо за возврат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП