2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНикола Маџиров учествува на Интернационалниот поетски фестивал во Осло

Никола Маџиров учествува на Интернационалниот поетски фестивал во Осло

madzirov-335

Во престолнината на Норвешка, во петокот вечерта започна поетскиот фестивал кој ќе трае до неделата, а на кој со своето творештво ќе се претстави и македонскиот поет Никола Маџиров.

Маџиров ќе учествува на поетските читања со автори од Велика Британија, Данска, САД, Јамајка и други земји, како и на поетските дебати организирани во рамките на најголемиот поетски настан во Норвешка.

Тој во Осло пристигна по читањето на Меѓународниот фестивал за книжевност во Темишвар во Романија.

Инаку Маџиров во текот на изминатите неколку седмици учествуваше на Интернационалниот фестивал за литература во Берлин, на фестивалот „Поетска есен” во Литванија, на Меѓународниот книжевен фестивал во Одеса во Украина, на Поетскиот фестивал во Рига во Летонија

Особено беше интригантен неговиот настап на интермедијалниот фестивал „Осмодрама” во Берлин посветен на уметноста и мирисите, на кој специјална машина произведуваше мириси инспирирани од стиховите, во халата меѓу присутната публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП