Последниот ден од оваа трговска седмица беше многу динамичен на Mакедоската берза со вкупен промет од 51,1 милиони реализиран преку 128 транскции.
Промет над милион денари имаше со акциите на Гранит (20,7 милиони), Комерцијална банка (19,3), Скопски пазар (6) и Алкалоид (1,6). Кај Гранит и Комерцијална банка големиот пораст на обемот на тргување беше следен со раст на цената и тоа 1,78 отсто и 1,24 отсто соодветно, додека кај Скопски пазар преку блок трансакција се истргуваа 402 лотови по цена од 15.000 денари.
Најголем поединечен раст на цената имаше со приоритетната акција на Стопанска банка АД Скопје, каде со истргувани 220 лотови цената порасна за 16,76 проценти и достигна вредност од 655 денари.
Индексот МБИ10 ја продолжува позитивната серија, која со мали прекини трае веќе еден месец, во петокот достигна вредност од 2.059,35 индексни поени (+0,60 отсто), додека индексот на обврзниците ОМБ ја намали својата вредност за 0,24 проценти.