23 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНепознато сценарио на Бергман ќе биде екранизирано

Непознато сценарио на Бергман ќе биде екранизирано

bergman33

Непознато сценарио коешто го напишал славниот шведски режисер Ингмар Бергман за соработката со исто така големите имиња од светската кинематографија Италијанецот Федрико Фелини и Јапонецот Акиро Куросава ќе биде преточени во фил од шведската режисерка Сузане Остен.

Сценариото „64 минути со Ребека“ е напишано во 1969 година, но до соработката на тројцата славни режисери никогаш не дојде.

Текстот не бил пронајден до раните 200-ти години кога Бергман ја донирал својата колекција на фондацијата којашто се грижи за неговите дела.

Бројните сценарија на Бергман никогаш не беа реализирани како филмови, но „64 минути со Ребека“ остана непознат дури и на најголемите познавачи на неговиот опус, велат за весникот Dagens Nyheter од Бергмановиот институт.

Текстот својата премиера ќе ја доживее на 6-ти ноември како радио драма, пред да биде снимен филмот чијашто премиера, пак, се планира за 2018 година, на100-годишнината од раѓањето на Бергман.

Ингрид Бергамн, кој поколенија филмски уметници ги вдахновуваше со филмовите за моралот и сексуалната фрустрација меѓу кои и „Диви јаготки“, „Крици и шепотења“ и „Фани и Александар“, почина во 2007 година, на 89-годишна возраст.

Во текот на својата 70-годишна кариера, од 1938 до 2004 година, Бергман создаде околу 170 театарски, телевизиски и радио дела. Во текот на повеќето од шест децении филмска работа, има направено над 50 играни и телевизиски филмови, од кои повеќето се добитници на најпрестижните светски награди и признанија, вклучително и американскиот Оскар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП