13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon тројно го зголеми профитот, но акциите паднаа

Amazon тројно го зголеми профитот, но акциите паднаа

amazon35599

Профитот на американската компанија за онлајн трговија „Amazon“ повеќе од тројно се зголеми во третиот квартал, но акциите на компанијата паднаа поради послабиот од очекуваниот раст на добивката.

Профитот на компанијата во третиот квартал порасна на 252 милиони долари од 79 милиони долари во истиот период минатата година, додека приходите скокнаа за 29 проценти, на 32,7 милијарди долари, се наведува во деловните резултати на Amazon, пренесува агенцијата Франс прес.

Заработката по акција изнесувала 52 центи, додека аналитичарите очекуваа заработка од 78 центи. Меѓународната продажба на Amazon пораснала за 28 проценти, на 10,6 милијарди долари, додека во Северна Америка пораснала за 25 проценти, на 18,9 милијарди долари.

По објавувањето на деловните резултати, акциите на Amazon падна за повеќе од пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП