2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлер ги повикува противниците на Brexit да организираат втор референдум

Блер ги повикува противниците на Brexit да организираат втор референдум

%d0%b1%d0%bb%d0%b5%d1%80

Поранешниот британски премиер Тони Блер рече во петок дека нема пречки за одржување на втор референдум за членството на Обединетотот кралство во Европската унија(ЕУ), предупредувајќи дека излегувањето од Унијата би било „многу,многу тешко“, бидејќи европските челници не се склони кон простување.

Блер во текст во магазинот The New European ги повика поборниците за останување во ЕУ да се „мобилизираат и организираат“ против заговорниците на Brexit, истакнувајќи дека „ние сме сега бунтовници“.

„Нема апсолутно никаква причина зошто би требало да исклучиме било какви опции“, рече Блер подоцна за BBC радиото.

„Имаме право да продолжиме да размислуваме, ако е потребно, да ја промениме позицијата. Овде не станува збор за тоа дали елитата треба да го надгласа народот“, нагласи поранешниот британски премиер.

„Ако стане јасно дека излегувањето не се исплатува или дека последиците ќе бидат толку сериозни што луѓето нема да сакат да ја напуштат Унијата, мора да постои некој начин, било преку парламентот или преку избори, можеби и со друг референдум“, појаснува Блер.

Според него, Brexit е „катастрофа“ и откри дека неодамна разговарал со францускиот претседател Франсоа Оланд кој го уверил дека преговорите за Brexit ќе бидат „многу,многу тешки“.

Британија ќе мора да ги прифати обврските во замена за пристап до заедничкиот европски пазар или ќе се соочи со „сериозни“ економски последици, предупредува Блер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП