4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Прилеп одбележан Светскиот ден на тутунот, објавени лауреатите на Денот на...

Во Прилеп одбележан Светскиот ден на тутунот, објавени лауреатите на Денот на ослободувањето

%d0%bf%d1%80%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8

Во петокот во Прилеп со кратка забавна програма и промоција на тутунопроизводството беше отворена манифестацијата Светскиот ден на тутунот, а истовремено беа објавени и имињата на добитниците на плакети и дипломи по повод 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на градот под Марковите кули.

Тутунот има водечка улога во македонскиот земјоделски сектор и еден е од неговите препознатливи белези како производство кое е блиско поврзано со традицијата на македонското село во голем број земјоделски региони од државата. „Жолтото злато“ е секако еден од синонимите за Прилеп и прилепско, како најголем производен регион за тутунот во Македонија.

По тој повод градончаланикот Марјан Ристески исткана дека тутунопроизводството е поддржано со државни субвенции и останува егзистенција за околу 150 илјади жители во земјава.

Во просториите на локалната самоуправа, денеска исто така беше оддржана прес конференција на која Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија ги соопшти годишените добитниците на плакети и дипломи – 3-ти Ноември.

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на: компанијата „Васидора”, средното училиште „Орде Чопела“, Радио Холидеј, основното училиште „Кирил и Методиј“ од Канатларци, фирмата „Футура“, Здруженија на прилепски пранители (Здружение „Прилепски Бранители“, Здружение „Карпалак“, Здружение на “,Резервни воени старешини’ – Прилеп), „Младински Совет“, фирмата „Трио-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.

Награди/дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски

Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.

Оваа година се навршуваат точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП