20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарламентот на Валонија го одобри потпишувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и...

Парламентот на Валонија го одобри потпишувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада

%d0%be%d0%b4%d0%be

Парламентот на белгиската област Валонија го одобри во петок потпишувањето на трговскиот договор меѓу Европската унија(ЕУ) и Канада познат како CETA, по двонеделениот внатрешно белгиски конфликт околу ова прашање.

Парламентот го усвои текстот во кој се бара од претседателот на валонската влада Пол Мањет да ја информира федералната белгиска влада дека Валонија, која имаше резерви, сепак одобри Белгија да го потпише договорот CETA.

Белгиските власти во четврток постигнаа договор и го одблокираа планираниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада, кој е поддржан од 27 земји членки, а чие потпишување го блокираше франкофонската белгиска област Валонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП