8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Старата скопска чаршија обновена фасада од крајот на XIX век

Во Старата скопска чаршија обновена фасада од крајот на XIX век

image-19

Старата скопска чаршија полека го враќа својот сјај и значењето кое го имала во минатото за скопјани, а во петокот беше преставена и завршената третата фасада на објектотот на улицата „Подграѓе“ бр. 57 кој поттекнува од крајот на XIX и почетокот на XX век.

При изведбата на работите се користени наоди од локацијата и фотодокументација, како и други сознанија од лица и институции со цел да се постигне автентичност на изгледот.

Станува збор за проект кој се изведува со поддршка на Министерството за култура со кој се обновуваат фасадите на објекти во старото градско јадро, со што се задржува автентичноста и карактеристичниот стил.

Мминистерката за култура Елизабета Канческа- Милевска истакна дека според акциониот план на Министерството на култура обновата на фасадите во Старата скопска чаршија ќе продолжат и натаму.

„Ова е веќе третата фасада која што е обновена. На четвртата веќе од следната седмица ќе почне да се работи, веќе е изберен изведувач, а во тек е процедура на добивање на изведувач на тендер за петтата фасада, шестата фасада е фасадата на Националниот конзерваторски центар“, истакна министерката

Канческа-Милевска притоа посочи дека обновата на старите фасади се реализира преку Националниот конзерваторски центар.

„Ме радува што старата скопска чаршија повторно го добива својот автентичен, карактеристичен стил на архитектура. Имаме фасада каде што архитектонскиот стил и сјај е повторно вратен, а потекнува од крајот на XIX и почетокот на XX век. Со носењето на Законот за Старата скопска чаршија како значајно споменично јадро целта ни беше да ги обновиме фасадите и да дадеме согласно програмата за ревитализација промовирање и на туристичкиот, културниот и архитектонскиот аспект, кој што го поседува Старата скопска чаршија“, рече Канческа-Милеска.

Посочи дека министерството поддржува и бројни културни настани кои се одржуваат токму во Старата скопска чаршија се со цел да се оживее ова место.

„Тука имаме вкрстување на најразлични цивилизации, на најразлични култури и тоа е богатството значајно за старата Скопска чаршија. Продолжуваме со сите оние проекти кои што се наоѓаат во насока на ревитализација на Старата скопска чаршија. Ме радува што има голема раздвиженост, голема посетеност и од туристи и од наши граѓани“, рече министерката
Директорката на Конзерваторски центар Скопје Ема Петрова информира дека почнуваат активности за обнова на четвртата планирана фасада, на објектот Евлија Џелеблија или познатиот бојаџија во Старата скопска чаршија.

„Годинава ќе се реализира и уште еден објект на улицата Теодосиј Гологанов, а во тек се подготовки за јавната набавка за споменикот на култура црквата Свети Спас, каде е сместен Националниот конзерваторкси центар“, рече Петрова.

Следната година освен обновата на фасадата на црквата „Свети Спас“, Конзерваторскиот центар Скопје, според најавите, треба да изработи уште пет проекти за обнова на нови фасади во Старата скопска чаршија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП