17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновната инфлација во Јапонија останува негативна веќе седум последователни месеци

Основната инфлација во Јапонија останува негативна веќе седум последователни месеци

infjapan-00

Основните кориснички цени во Јапонија се намалуваат седми месец по ред во септември, a дефлацијата изнесува 0,5% на годишна основа, соопштува „Ројтерс“. Индексот на основната инфлација ја вклучува енергијата, но не и свежите прехранбени производи.

Потрошувачката се намалува во септември и на тој начин го поддржуваа тврдењето на централната банка дека ќе биде потребно извесно време, додека инфлацијата се забрза до целното ниво од 2%. Тие се намалуваат за 2,1% на годишна основа, што е седмиот последователен пад, иако нивото на невработеноста паѓа до 3%.

Иако слабите податоци не се изненадување, тие ја продолжуваат серијата разочарувачки индикатори кои вршат притисок над Јапонската централна банка да продолжи со агресивна програма за стимулации.

Друг индекс, кој ја исклучува и енергијата и храната, покажува дека инфлацијата останува без промена веќе трет месец, најверојатно како последица на слабите трошоци и силниот јен, со што се намалува увозната цена.

Сепак, падот во цените на енергијата почнува да станува умерен. Цените се намалуваат за 8,4% на годишна основа во септември, што е значително забавување во однос на падот од 10,2 отсто претходниот месец.

„Компаниите се обидуваат да не ги зголемат цените, бидејќи потрошувачката е слаба. Растот на приходите на домаќинствата останува скромен и луѓето не се сигурни дека економските перспективи ќе се подобрат, што пак ги прави да се воздржат од трошење“, посочува Такеши Минами, главен економист во „Norinchukin Research Institute“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП