26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо септември забележан раст на индустриското производство

Во септември забележан раст на индустриското производство

industrija-3405

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 104.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 0.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21.5%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 6.2 %, Капитални производи за 26.7% и Трајни производи за широка потрошувачка за 72.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2016 година, во однос на периодот јануари – септември 2015 година, изнесува 105.4.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.1% на месечно ниво, односно пониски за 0.1% на годишно ниво.

Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0.5%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3% и Енергија за 0.2%, додека во групата Капитални производи се останати на исто ниво.

Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 2.8% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП