И по десет месеци без да дејствува редовно владата, Шпанија оствари економски успеси.
Во третиот квартал невработеноста во земјата паѓа до најниско ниво од над шест години на ниво од 18,9 отсто. Така невработеноста е за 1,1 поени под нивото од претходниот квартал, објави статистичката служба „INE“. Ова е најниска вредност од четвртиот квартал од 2009-та година.
За прв пат од последниот квартал на 2009-та година невработеноста паѓа воопшто под нивото на 20%, откако вработеноста во услужниот сектор се зголеми благодарение на рекордните туристички посети во текот на летните месеци.
Се уште Шпанија ја има една од највисоките стапки на невработеност во монетарната унија. Економистите очекуваа скромно намалување до 19,3%.
Министерот за економија Луис де Гиндос изјави дека неочекувано најдобариот резултат е последица од „интензивниот и балансиран раст“ во Шпанија.
Со зголемувањето на БДП-то од 3,2% во претходната година и прогноза за раст од 3,0 за 2016-та година, земјата е меѓу најбрзо растечките во Европа.