ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар со коцкарници ќе ја оправа економијата

Кипар со коцкарници ќе ја оправа економијата

kockarnica-kipar

Претседателот на Кипар Никос Анастисијаидис денеска изјави дека земјата ќе отвори коцкарници и ќе го засили туризмот за повоторно да ја придвижи економијата

Анастисијаидис ја соопшти првата серија мерки за поттикнување на стопанскиот раст кој, според предвидувањата, до 2015 година ќе се намали за 13 отсто.

Според него, Кипар на компаниите ќе им даде даночни олеснувања доколку вработуваат нови работници и воведат паркови со соларна енергија. На младите ќе им се дава државна и црковна земја за обработување, а на оние на кои им се запленети куќи или фарми затоа што не можеле да ги отпалтат кредитите ќе им се овозможи и натаму да можат да ја користат како закупувачи.

Кипар минатиот месец го прифати кредитот од 23 милијарди долари од своите партнери од еврозоната и ММФ, наведуваат американските медиуми.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП