1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција полоша од Шпанија, Германија и Британија

Франција полоша од Шпанија, Германија и Британија

mairi-mcgiven-7-5-131

Француското производство во третиот квартал од 2016 година пораснало помалку од очекуваното.

Како што оценува агенцијата Блумберг, поради постојаните застои во процесот на економската експанзија втората најголема европска економија заостанува зад своите соседи.

Бруто домашниот производ на Франција порасна за 0,2 проценти во три месеци заклучно со септември, по падот од 0,1 проценти во претходниот квартал, соопшти националната статистичка канцеларија Инсее.

Економистите во анкетата на Блумберг предвидуваа зголемување од 0,3 проценти.

Според второто истражување, вкупниот економски раст за цела година проектиран е на околу 1,3 проценти, со што Франција ќе оствари исти резултати како и во 2015 година, кои беа најдобрите забележани во четири години.

Сепак, тоа е под половината од стапката која ја очекува Шпанија и пониско од растот на Германија и Обединетото Кралство, забележува њујоршката агенција.

Францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави дека податоците за БДП значат дека постои ризик економскиот раст да потфрли во однос на владината цел од 1,5 проценти за цела година, но вети дека ќе го исполни таргетираното намалување на дефицитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП