6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијагноза на Путин: Светот нема решение

Дијагноза на Путин: Светот нема решение

20299401625812ec9749356318304936_w640

Глобалната економија не е во состојба да излезе од актуелната системска криза, а политичките и економските принципи настојуваат да се реформатираат, изјави Владимир Путин.

„Системот на меѓународните односи и натаму е напнат. Глобалната економија не е во состојба да излезе од системската криза. Принципите и правилата во политиката и економијата продолжуваат да се реформатираат“, изјави Путин на состанокот на политиколози во дебатниот клуб Валдај во Сочи, пренесува руската агенција Тас.

Путин наведува и дека се погазени принципите на слободната трговија и дека санкциите се користат за вршење на политички притисоци.

„Можеме да видиме како слободната трговија е жртвувана и како т.н санкции се користат за вршење на политички притисоци“, изјави Путин, укажувајќи истовремено на обидите за формирање на затворени економски алијанси кои поставуваат бариери со цел нивните домашни транснационални корпорации да ја извлечат најголемата корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП