2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина е спас за светската автомобилска индустрија

Кина е спас за светската автомобилска индустрија

kina-avtoindustrija

Со продажба од 19 милиони возила, Кина ја задржа водечката позиција на светскиот автомобилски пазар, надминувајќи го САД четврта година по ред.

Аналитичарите веруваат дека Кина ќе ја спаси светската автомобилска индустрија.

Во 2012 година, од вкупниот број на возила во Кина, продадени се 15.5 милиони автомобили и комбиња. Кинеските клиенти, поради големиот број на модели во понудите, станаа претенциозни.

Иако и ваквиот позитивен тренд во Кина е забавен во последните две години, со оглед на кризата во Европа и нестабилноста на пазарот во САД, азискиот гигант покажа како главен мотор за растот на автомобилската индустрија, пишува еден швајцарски весник.

Според предвидувањата на консултантската фирма McKinsey, продажбата на патнички возила на кинескиот пазар ќе напредува со годишен во просек од осум проценти, така што во 2020 се очекува продажба на 22 милиони возила, додеја во периодот од 2005 до 2011 година просечно пораснала за 24 проценти.

На застојот на кинескиот пазар на автомобили големо влијание имале мерките за ограничување на бројот на возила во многу кинески градови, со цел да се намали загадувањето на воздухот. Од минатата година, јапонските автомобили, кои се многу присутни на кинескиот пазар, забележаа намалување на својот удел, поради несогласувањата помеѓу Пекинг и Токио за суверенитетот над некои ненаселени острови на во источниот дел на Кина, што беше во корист на американските, европските и Јужно-Корејските автомобилски марки .

Странските производители се уште доминираат на кинескиот пазар, но десетици помали кинески компании продолжија со напорите да го зголемат присуството на домашниот пазар на автомобили, како и продажбата на своите возила на странските пазари.

Благодарение на големиот број на марки и модели кои се нудат на овој пазар, кинеските клиенти стануваат се повеќе пребирливи, вели аналитичар од консултантска фирма IHS Otomotiv, која се наоѓа во Шангај, каде што се очекува отворање на Меѓународниот саем за автомобили. За време на саемот, кој почнува утре и трае девет дена, ќе бидат изложени 1300 модели, и се очекуваат околу 800.000 посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП