4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтудија на универзитетот Јеил докажа дека вадењето енергенси од шкрилци предизвикува рак

Студија на универзитетот Јеил докажа дека вадењето енергенси од шкрилци предизвикува рак

102716-cancer-1068x561

Една нова студија на Школата за јавно здравје на Универзитетот Јеил во САД потврди дека хемикалиите кои се ослободуваат при процесот на вадење нафта или гас од шкрилци, процес наречен „фракинг“ (fracking) или „хидраулично дробење“ може да предизвика рак поради хемикалиите кои се испуштаат во текот на процесот. Фракингот, исто така, може да ја загади и водата и воздухот во блиските населби.

„Бидејќи децата се особено чувствителна популација, напорите на истражувачите најпрвин треба да се насочат кон тоа да се утврди дали изложувањето на децата на процесот на хидраулично дробење го зголемува ризикот за тешки заболувања“, вели авторот на студијата, доктор Никол Дезиел.

Ако се земе предвид дека 650.000 основци во САД одат на школо во непосредна близина на ваквите наоѓалишта, но исто така и околу 15 милиони луѓе вкупно, ваквите сознанија навистина повикуваат на аларм.

Тимот кој ја спроведе студијата испита над 1.000 хемикалии кои би можеле да завршат во водата или воздухот како последица од „фракинг“-от. Досегашните испитувања беа ограничени на многу помал список од хемикалии.

За жал, велат авторите, за повеќе од 80 проценти од овие хемикалии се уште нема доволно податоци за потентноста да предизвикаат рак, што е многу голема дупка во знаењето и разбирањето на овој процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП