3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентар: Го поместивме објектот на новото училиште за да спасиме 18 дрвја

Центар: Го поместивме објектот на новото училиште за да спасиме 18 дрвја

drvja

Општина Центар го помести објектот на новото основно училиште во Капиштец, во склоп на самата градежна парцела, за 2,7 метри.

„Со ова се спасуваат од сечење 18 дрвја, односно 50 проценти од постоечките дрвја на самата парцела ќе бидат зачувани. Во дворот на новото училиште ќе бидат посадени нови 40 високошколувани дрвја, со што практично бројот на дрва ќе биде зголемен и ќе има вкупно 58“, соопштуваат од Општината.

Во следните неколку денови,како што информираат од Центар, „Паркови и зеленило“, јавно претпријатие на Град Скопје, ќе започне со отстранување на дрвјата, од кои најголем дел се стари и заболени.

Општина Центар продолжува со градежните активности за изградба на првото основно училиште во Капиштец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП