5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведската централна банка сигнализира дека може да воведе уште олеснувања

Шведската централна банка сигнализира дека може да воведе уште олеснувања

risk-33

Шведската централна банка „Riksbank“ се воздржи од дополнителни олеснувања на вчерашната средба, но изјави дека е подготвена да ја прошири програмата за откуп на обврзници во почетокот на следната година, објави „Bloomberg“.

Покрај тоа регулаторот сигнализира дека ќе ги задржи каматните стапки ниски подолго време во обид да ја врати инфлацијата назад кон целните нивоа.

„Riksbank“ ја задржа својата основна репо камата на ниво од 0,5 отсто, на тој начин ги оправда очекувањата. Гувернерот Стефан Ингвес изјави дека стапките нема да бидат зголемувани барем до 2018-та година и дека се зголемува веројатноста од дополнителни намалувања. Така некои аналитичари веќе очекуваат олеснување на политиката во декември.

Шведската централна банка пројавува се поголема неволност да воведува нови поволности, откако каматите се под нулата, а програмата за откуп на обврзници се очекува до крајот на годината да има апсорбирано над 40% од пазарот на државни хартии од вредност. Одлуката на ЕЦБ од претходно овој месец да не ја проширува својата програма, што исто го олесни притисокот врз шведскиот регулатор да презема дејствија.

Според Роберт Бергквист, главен економист во „SEB“, коментира дека одлуката е во склад со „еден консензус помеѓу централните банки дека монетарната политика го достигнала крајот на патот“.

Главниот аналитичар на банката „Nordea“, Андреас Валстром, се уште очекува олеснувања од страна на „Riksbank“, вклучувајќи и намалување на каматата до -0,6% во декември.

Регулаторот ги намали и прогнозите за инфлацијата во следната година од 1,8 до 1,4%, а за 2018-та година од 2,6% до 2,2%. Банката очекува невработеноста да биде 6,7% во следната година, а економскиот раст да се забави до 3,3% во оваа година и до 2% во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП