7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung и натаму водечки на пазарот на смартфоните и покрај фијаското со...

Samsung и натаму водечки на пазарот на смартфоните и покрај фијаското со Galaxy Note 7

%d1%81%d0%b0%d0%bc%d1%81%d1%83%d0%bd%d0%b3-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b5

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung“ во третиот квартал од годинава претрпел штета поради фијаското со моделот Galaxy Note 7, но не толкава за да го загуби првото место на светскиот пазар на паметни телефони, покажуваат истражувањата на агенциите IDC и Strategy Analytics.

Двете агенции оценуваат дека уделот на јужнокорејската групација на пазарот на паметни телефони паднал на 20 отсто, а една година претходно изнесувал малку повеќе од 23 проценти.

Меѓутоа, и неговиот главен ривал, американската информатичка компанија Apple, доживеал пад, па уделот на пазарот му е само 12,5 отсто, според процените на IDC и 12,1 проценти според пресметката на Strategy Analytics.

„Превласта на Samsung на пазарот краткорочно не е доведена во прашање, дури и по повлекувањето на Galaxy Note 7, што беше силно следено во медиумите, но долгорочните последици за Samsung допрва треба да се видат“, коментира за AFP Мелиса Чу, аналитичарка во IDC.

Моделот Galaxy Note 7 требаше да биде најсилниот производ на Samsung но неколку примероци експлодираа или се запалија.

На почетокот од септември од „Samsung“ го објавија масовното повлекување и запирање на продажбата на Galaxy Note 7 поради проблемот со батериите кои може да експлодираат спонтано. Подоцна од компанијата соопштија дека дефектот е отстранет, започна замена на претходно купените паметни телефони од овој модел со новите заменети батерии.

Сепак, се случија и низа ненадејни палења на новите телефони, па така на 11-ти октомври објави дека целосно го сопира производството на споменатиот модел смартфон. Големите светски воздухопловни компании, покрај тоа, забранија на нивните летови да се внесуваат паметните телефони од моделот Galaxy Note 7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП