3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнижарницата „Табернакул“ се затвора, изданијата ќе се купуваат онлајн

Книжарницата „Табернакул“ се затвора, изданијата ќе се купуваат онлајн

taber

Книжарницата „Табернакул“, лоцирана во централното градско подрачје, до Театарот за деца и младинци, се затвора од денес.

Како што пишува на фејсбук страницата на „Табернакул“, нивните изданија ќе можат да се купуваат онлајн на kupikniga.mk, како и во другите книжарници што ги имаат правата за продажба на изданијата на „Табернакул“.

Популарната книжарница на скопски Рекорд беше отворена во 1999 година, а претходново 1991 година како пионери во издаваштвото ја отворија книжарницата во фоајето на МНТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП