22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРајската градина во Аеродром ќе почека – ЕЛЕМ го поништи огласот

Рајската градина во Аеродром ќе почека – ЕЛЕМ го поништи огласот

rajska

ЕЛЕМ го поништи огласот за изградба на Рајска градина во Ново Лисиче, а во образложението се наведува дека понудите не биле прифатливи.

„Јавната постапка за избор на изведувач за изградба на Рајски парк е поништена поради процедурални причини. АД Електрани на Македонија нема финансиски импликации кон други субјекти поврзани со овој предмет, а низ органите на Компанијата дополнително ќе се одлучува околу понатамошните активности и идниот статус на проектот“, образложуваат од ЕЛЕН на интернет страницата за јавни набавки.

Според најавите, Рајската градина требаше да се гради во Ново Лисиче, на просторот во близина на ФФМ, а целиот проект би требало да чини околу 15 милиони евра. Во паркот требало да има мајмуни, срни,елени, фазани и други животни, како и езерца, ресторани и друга инфраструктура.

Најавата дека ЕЛЕМ ќе гради ваков парк наиде на осуда меѓу граѓаните, кои забележуваат дека се трошат огромни пари за луксуз, а тие плаќаат превисоки сметки за електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП