28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко сакате успешна компанија, научете да отпуштате

Ако сакате успешна компанија, научете да отпуштате

fired

Луѓето кои ги учат другите како да бидат успешни, и како да создадат добра атмосфера во бизнисот, мораа да ги откријат најголемите пречки за успех.
Мајкл Медок и Луј Витон, сопствениците на консултантската фирма за успешни бизниси Медок Даглас, сфатија дека клиентите треба да ги учат на една не толку пријатна задача, која е од клучно значење за успехот на компанијата – како и кого да отпуштат.

Тие опишале три типа на вработени кои заради успех и заради другите вработени треба да се отпуштаат. Тие се “жртва”, “неверник” и “сезнајко”.

Првиот се препознава по непрекинатото “кукање”, критики и жалење заради малата плата, сиромашните услови за работа, и.т.н. Тие на секој проблем гледаат како нова можност да бидат казнети, а не како предизвик да се докажат.

Вториот вид се неверници. Тие никогаш не мислат на нови проекти и нови идеи, туку само на пречките – зошто нешто не може да се реализира. На нив им недостига волја.

Третиот и последен тип на работници од кои треба веднаш да се оттарасите се сезнајковците . Тие знаат однапред зошто нешто не може, кој ќе биде против, и кој ќе го попречи проектот. Тие се обично најпаметните работници кои со тек на време ќе станат експерти во објаснувањето зошто е нешто можно, а нешто невозможно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП