13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзраснал во колиба а сега е милијардер

Израснал во колиба а сега е милијардер

harold-simmons

На Харолд Симонс родителите не му помогнале во животот, туку тој започнал од нула и успехот го постигнал сам.

Тој израснал во руралните области на Тексас во колиба без струја и вода. Како син на двајца наставници, Харолд се покажал како многу добар ученик.

Дипломирал во 1952 година и добил работа во банка. Од 1960 година, тој успеа да заштеди 5000 долари, позајмил 95.000 долари и отворил мала продавница во склоп на универзитетот.

Колку добро му одела продажбата покажува податокот дека таа мала продавница прераснала во еден синџир на продавници, кој има вкупно 100 малопродажни објекти.

Харолд не запрел тука одлучувајќи добро разработениот бизнис да го продаде за 50 милиони долари.

Од тој момент тој станал мајстор на купопродажба. До денес, тој купил шест компании, меѓу кои и Titanium Metals Corporation – најголемиот производител на титаниум во светот.

Симонс досега инвестираше милиони во образованието, има основано своја фондација и центар за лекување на хронични заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП