18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој и како ја победи Кока-Кола

Кој и како ја победи Кока-Кола

cocacola1

Ширум целиот свет, малите локални производители на газирани безалкохолни пијалоци ја губат битката со силните и добро познати конкуренти како што е Кока-Кола.

Меѓутоа оние на кои интересите не им се совпаѓаат со гигантите, како што се производителите на негазирани безалкохолни пијалоци, бизнисот може да процвета.

Од Еуромонитор пристигнале податоци дека во Источна Европа, некои локални производители на сокови или флаширана вода, според учеството на пазарот ја надминале Кока-Кола.

Во Чешка, компанијата “Карловски Минерални Води” ја надминува продажбата на сите други безалкохолни пијалоци. Слична ситуација постои и во Хрватска, каде што водата “Јамница” води со учество од 62,6 отсто од водата пазарот. Словенечкиот “Фруктал” кој го купи компанија Нектар е најмоќниот производител на овошни сокови во оваа земја, а и во Естонија има крал на овошните сокови на пазарот, а тоа е “А Le Coq”.

Во нашиот регион, Кока-Кола има најголем удел на пазарот на безалкохолни пијалаци од 22,3 проценти, благодарение на својот газиран бренд и флашираната вода, енергетските пијалоци и овошните сокови. Сепак, ниту еден од новите производи од познатата компанија не се “прослави” на овој пазар.

Од 18 источно-европски земји, во пет од нив локалните компании ја надминаа Кока-Кола во продажбата на негазирани безалкохолни пијалоци. Тоа се Хрватска, Чешка, Естонија, Латвија и Словенија.

Се разбира, во овие земји доминира на пазарот со газирани пијалоци, но газираните пијалоци сочинуваат само 30 отсто од вкупната продажба на безалкохолни пијалаци. Флашираната вода и овошните сокови во овие земји сочинуваат 56 проценти од уделот на пазарот на безалкохолни пијалоци, и тоа го искористиле локалните брендови за искористување на сопствените ресурси.

Рецептот за успех на овие локални производители било фокусирањето се на нивните сопствени производи, но и градењрто на силни врски со потрошувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП