26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на уметничка фотографија од Душан Доцевски

Изложба на уметничка фотографија од Душан Доцевски

dusan-docevski33

Во четврток, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена самостојна изложба на уметничка фотографија на авторот Душан Доцевски.

Изложбата е во рамките на клубското претставување на членови од Фото секцијата “Ф7“ којашто работи при НУ Центар за култура од Куманово. Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Макецонија и од Општина Старо Наготичане.

Душан Доцевски е роден во Куманово 1958 г. Со фотографија се занимава од 1980 година.Својата излагачка дејност ја започнува од 1983 год. Исто така работи на едукација на младите љубители на фотографијата подржувајќи ги и едуцирајќи ги во Фото Кино клубот “Козјак“ – Куманово кадешто со години работеше на непосредна организација на истиот. Од 2010 година при НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ја формира и води Фото Арт групата “Ф7“ а воедно е и организатор на повеќе изложби од клубски, државен и меѓународен карактер.Член е на Фото Сојузот на Република Македонија. Организирал летни школи за уметничка фотографија во Врановци 2000 година и Самоков 2001 година. Учествувал на сите биенални изложби под патронат на FIAP. Звањето Кандидат мајстор го добива во 2012 година. Учествувал на Фото-колонијата “Сичево“ а самиот организира во 2016 година “1 -ва Фотоколонија“ во Старо Нагоричане – Македонија. Се јавува како автор на фотографии на повеќе тематски целини но посебен предизвик му преставува портретот во којшто се обидува да ја прикаже психо-социјалната состојба на портретираниот користејќи го природниот амбиент којшто, пак, ја надопонува приказната и сцената ја чини поуверлива и поавтентична. Изложбата се организира во рамките на клубската презентација на Фото Арт групата “Ф7“.

„При првата средба со најновиот фотографски опус на фотографот Кандидат мајстор по фотографија Душан Доцевски, неодминливо е чувството на носталгија и тага произведено од документираните артефакти коишто се предмет на интересирање и обработка на авторот. Како ретко кога, на овие фотографии се чувствува силата на времето со сите свои атрибути на менливост и минливост, на деструкција и трансформација коишто од реалноста прават трага, и како таква третирана од авторот Доцевски се претвара во фотозапис кој, како документ, помага да архивираме определен период во нашите сеќавања“, пишува за делата на Доцевски, Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП