6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за студии и туризам „Добродојдовте во Франција“ во Скопје

Саем за студии и туризам „Добродојдовте во Франција“ во Скопје

france-saem3

Францускиот институт во Скопје, во четврток, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски – Скопје“ ќе одржи Саем за студии и туризам „Добродојдовте во Франција!“.

Саемот е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис, и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор.

Освен информации за студии во Франција, на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас.

Освен споменатото, ќе бидат организирани и работилници за подготовка на CV и мотивациско писмо, кои ќе бидат отворени за посетителите на Саемот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП