6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемување на минималната плата во Германија

Зголемување на минималната плата во Германија

8823755585810d01919392434837322_w640

Најниската заработка во Германија ќе биде зголемена за четири проценти од јануари, па така ќе изнесува 8,84 евра по час.

Тоа е прво зголемување на минималната плата кое е договорено на инсистирање на коалиционите партнери на канцеларката Ангела Меркел.

Владата го одобри зголемувањето на минималната плата на 8,84 евра по час. Одлуката стапува на сила од 1-ви јануари.

Оваа сума „стоеше“ на 8,50 евра од кога е воведена во јануари 2015 година.

Зголемувањето го препорача одборот кој ја разгледува минималната плата на секои две години. Одборот, исто така, ги разгледува резултатите од преговорите за платите во индустрискиот сектор.

Германија долго беше една од неколкуте западно индустриски земји во кои владата не ја диктира висината на минималната заработка, потсетува АП.

Конзервативците на Ангела Mеркел се противеа на зголемувањето, но социјалдемократите инсистираа на тоа, биејќи тоа беше еден од условите за влез во владата по изборите во 2013 годиана.

За потсетување, Германија би можела да се соочи со сериозни проблеми доколку со порастот на платите и пензиите во наредната година истовремено нема и раст на продуктивноста, се наведува во анализата на Дојче Веле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП