10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola страда, купувачите се повеќе „бегаат“ од шеќерот

Coca-Cola страда, купувачите се повеќе „бегаат“ од шеќерот

kok-kola

Забавениот раст на глобалната економија и одалечувањето на потрошувачите од засладените сокови ја „нагризаа“ продажбата на американскиот производител на безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ шести квартал по ред, намалувајќи ја кварталната добивка на компанијата за 28 проценти.

Приходите на Coca-Cola ширум светот заклучно со 30-ти септември паднаа за 7 проценти на годишно ниво, на 10,6 милијарди долари, при што најголем пад на приходите е регистриран во регионите на Латинска Америка, но и во Европа, Африка и Блискиот исток, пренесува агенцијата Франс прес.

Растот на приходите во Северна Америка беше силен, но Азија, како уште еден клучен пазар, евидентираше само благ раст на приходите, се наведува во соопштението на компанијата.

Во тој квартал, нето добивката на компанијата изнесувала 1,05 милијарди долари, што е голем пад во однос на 1,45 милијарди долари од истиот период минатата година.

„Продолжуваме да бележиме солидни резултати на нашите развиени пазари“, изјави претседателот и генерален директор на Coca-Cola, Мухтар Кент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП