3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2016-та е добра година за руските олигарси

2016-та е добра година за руските олигарси

%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b833

Растот на цената на нафтата и обновата на рускиот пазар на капитал во 2016-та година се основа на зголемувањето на богатството на дел од најбогатите луѓе во Русија.

Податоците на „Bloomberg“ покажуваат дека руските олигарси окупираат три од првите четири места и вкупно 4 во топ 10 на најбрзо зголемените богатства меѓу милијардерите.

Aндреј Мелниченко, познат на пошироката јавност најмногу со луксузните јахти со кратко име A, го има зголемено своето богатство за 75.9% од почетокот на 2016-та година, или до 10.7 милијарди долари. Мелниченко, кој е најголем сопственик во „Eurochem“ и „Suek“, ги надмина претседателот на „Lukoil“, Вагит Алекперов и претседателот на Бордот на директори на „Novolipetsk Steel“ и најбогат Русин за 2014-та година, Владимир Лисин. Двајцата веќе поседуваат 10.5 и 11.2 милијарди долари, или со 56 и 48% повеќе во однос на крајот на 2015-та година.

Во топ 10 се наоѓа уште и Генади Тимченко со раст од 45%, до 9,5 милијарди долари.

Ниту еден од горенаведените сепак не е меѓу топ 3 на најбогатите Руси. Рангирањето е предводено од Владимир Потанин со 15,6 милијарди долари, додека Алексеј Мордашов и Леонид Микелсон се со 15.4 и 15.3 милијарди долари.

Само еден милијардер во светот има додадена над 100% кон своето богатство. Тоа е нафтениот магнат Харолд Хам со раст од 114%, до 14,8 милијарди долари, што ја одредува неговата 58-та позиција меѓу најбогатите луѓе во светот. Други двајца милијардери, кои се рангирани се на 3-та и 5-та позиција меѓу првите богаташите – Џеф Безос и Марк Цукерберг, односно основачи на „Amazon“ и „Facebook“, кои додале над 10 милијарди долари кон богатствата од почетокот на оваа година. Безос има додадено 11,7 милијарди долари, а Цукерберг го зголемил своето богатство со 11,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП