18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот под највисокото ниво во девет месеци кон кошничката валути

Доларот под највисокото ниво во девет месеци кон кошничката валути

%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80-%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%be%d1%82

Американскиот долар во средата се лизна под највисоките нивоа во последните девет месеци во односот на кошницата валути, додека вложувачите чекаат нови показатели кои би можеле да им дадат нови насоки во врска со евентуалното подигнување на каматните стапки во САД во декември.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на другите шест најзначајни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, се лизна на 98,606 поени, Во тргувањето во вторникот во еден момент достигна 99,119 поени, највисоко ниво од 1-ви февруари годинава.

Еврото притоа зајакна за 0,2 отсто во однос на доларот, на 1,09075 долари, што значи дека се држи над најниското ниво во последните речиси осум месеци од 1,0848 долари, на коешто се лизна во вторникот. Курсот на доларот благо се лизна во однос на јенот, на 104,14 јени, но се задржа во близина на највисокото ниво во последните три месеца од104,87 јени.

Подемот на американската валута се припишува на сé поголемото очекување дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) се подготвува да ги подигне каматните стапки до крајот на годинава. Пазарите во моментов проценуваат дека шансите клучните каматни стапки да бидат подигнати во декември се 78 отсто, според податоците на „FedWatcha CME Group“.

Во фокусот на инвеститорите ќе бидат најновите податоци за растот на американската економија во третиот квартал кои се очекуваат во петок, но трговците очекуваат дека курсот на доларот ќе се движи во рамките на одреден интервал пред клучниот извештај за вработеноста во САД кон крајот на идната седмица, а којашто на пазарите им е важен ориентир во врска со оценувањето на состојбата на пазарот на трудот. Покрај тоа, се ближат и американските претседателски избори, на 8-ми ноември.

„Имајќи предвид дека се ближат седниците на Fed во ноември и претседателските избори, не би требало да нé изненади следните денови курсот на доларот да се држи во рамките на неутралниот образец“,пишуваат во белешката за клиентите аналитичарите на банката „Credite Agricole“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП