7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Словенија само 5 отсто од компаниите во рацете на странци, остваруваат...

Во Словенија само 5 отсто од компаниите во рацете на странци, остваруваат 30 отсто од вкупниот приход

kompa-slo

Во Словенија само пет отсто од претпријатијата се во сопственост на страниците, но тие остваруваат поголема додадена вредност по вработен од компаниите во домашна сопственост и вработуваат повеќе од петтина од вкупната работна сила, покажа анализата која ја објави словенечкиот завод за статистика.

Станува збор за документ за работењето на компаниите кои се активни во Словенија според потеклото на капиталот, и тоа според податоците од крајот на 2014 година, бидејќи новите ќе бидат достапни дури на есен следната година.

Според објавената анализа, од околу 130 илјади регистрирани претпријатија околу 6.600 се во сопственост на странците, а меѓу нив и некои големи системи како „Mercator“ кого купи „Agrokor“.

Таквите компании, иако се многу помалку отколку словенечкиот капитал, во просек деловно се поефикасни, со повеќе додадена вредност по вработен и поголеми плати, покажува анализата. Тие вработуваат 110.000 луѓе, повеќе од петтина од вкупниот број вработени во Словенија и го правата 30 отсто од вкупниот остварен приход во словенечката економија.

Анализата покажува дека од настапот на глобалната економска криза странците се деловно поактивни од словенечките компании. Последните години странските инвеститори ги привлекувала и продажбата на државната сопственост или компаниите делумно во државна сопственост, без разлика во реалната економија или банкарстово и трговијата, додека новите ткн гронфилд инвестиции се малку, покажува анализата на статистичкиот завод којашто констатира дека странскиот капитал од настапувањето на глобалната економска криза претставувал одреден „амортизер“ кој ги спречил уште понегативните трендови во економијата.

Според објавените статистички податоци, во 2014 година во Словенија најмногу приходи имале претпријатијата со сопственост на компании или инвеститори од Германија, а следат сопствениците од Австрија, Хрватска и Франција.

Според додадената вредност по вработен, предничат швајцарските и француските сопственици, првите главно поради фармацевтската компанија „Lek“ која е во сопственост на „Novartis“, а вторите поради фабриката за автомобили „Revoz“ која е во стопроцентна сопственост на ’„Renault“.

Според бројот на основаните компании во Словенија, пак, предничат сопствениците од Русија и од Србија, но во добар дел тука станува збор за основање компанија преку која се купуваат недвижнини, што е начин до куќи и станови во Словенија да дојдат субјекти од државите кои не се членки на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП