6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет земји на ЕУ го продолжија надзорот на шенгенските граници

Пет земји на ЕУ го продолжија надзорот на шенгенските граници

shenge-5366

Пет земји на Европската унија (ЕУ) ја продолжија привремената контрола на внатрешните граници на шенгенскиот простор „поради вонредни околности кои и натаму постојат“, поради неконтролираниот прилив на мигранти од Турција во Грција и целата ЕУ преку Србија и Македонија, а во последно време и преку Бугарија, пренесуваат светските агенции.

Такви одлуки донесоа владите на Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка на основа на препораките на Европската комисија која утврдила дека „вонредните околности“ наложуваат продолжуваат проверка на пасошите и идентитетот на патниците, како и на внатрешните шенгенските граници.

Мерките ќе стапат на сила од 12-ти ноември годинава и ќе трае три месеци додека повторно не се процени дали е потребно ново продолжување на внатрешната шенгенска контрола. Лидерите на ЕУ минатата недела ја повторија решителноста дека неконтролираниот прилив на мигранти во Европа целосно не се сопре и со времено решение внатрешниот шенгенски простор без граници да се усогласи со новите околности. Тие исто така побараа итно да се воспостави јака европска крајбрежна стража и да се заштитат надворешните граници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП