17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Нов удар на ММФ, на ред правата на работниците

Грција: Нов удар на ММФ, на ред правата на работниците

%d0%be%d1%9f%d0%b8

Грчкиот министер за труд Јоргос Катругалос изјави дека преговарачите од ММФ заземале „екстремно неолибералани“ позиции на почетокот на новата рунда разговори во Атина.

Катругалос изјави дека тоа се однесува на барањата значително да се намали моќта на синдикатите и правата на работниците.

Катругалос изјави дека грчката влада се спротивставила на олеснувањето на колективното отпуштање во компаниите во проблеми и побара враќање на колективните договори меѓу синдикатите и работодавците кои беа укинати според претходниот договор за помош на Грција.

Претставниците на меѓународните кредитори се вратија во Атина минатата недела, по што кредиторите ја одобрија ратата за помош во вредност од 2,8 милијарди евра, што формално го одобри и механизамот на ЕУ за помош.

Грција во јули 2015 година, по напнатите преговори со кредиторите, во чиј тек беше на работ на финансиски крах и излез од еврозоната, договори трет пакет помош, вреден околу 86 милијарди евра, со кој е условена да спроведе дополнителни болни мерки за штедење и реформи.

Грција се попира на меѓународната помош од 2010 година, откако беше соочена со банкрот и потенијално катастрофален излез од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП