3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: ЕЦБ е свеснa за ефектите од монетарната политика врз финансискиот сектор

Драги: ЕЦБ е свеснa за ефектите од монетарната политика врз финансискиот сектор

dragi333

Европската централна банка (ЕЦБ) е свесен за зголемената цена на монетарната политика за финансискиот сектор и не би ги држела негативните камати премногу долго. Ова го изјави претседателот на институцијата Марио Драги, цитиран од агенциите.

Според него, меѓутоа, нема ризици за финансиската стабилност, кои произлегуваат од ниските камати и високата ликвидност.

Во својот говор во Берлин, Драги сепак ја заштити политиката на ЕЦБ на агресивно купување на обврзници и ниските камати од обвинувањата дека ќе ја доведе до повисока нееднаквост. Тој, исто така, рече дека ги зема во предвид поплаките од страна на банките, најмногу во Германија, дека ниските камати го „јадат“ профитот.

„Со сигурност би сакале да не ги задржуваме каматните стапки на толку ниско ниво долго време, бидејќи несаканите секундарни ефекти може да се акумулираат со текот на времето“, рече Драги.

Тој додаде дека рекордно ниските каматни стапки во еврозоната не се „новата нормалност“, иако монетарната унија ќе остане ранлива без целосна монетарна и банкарска унија.

„Ќе излеземе од овие мерки, кога ќе се постигне ценовна стабилност на одржлив начин без денешната вонредна парична поддршка“, посочи Драги.

Тој рече дека ниските камати се симптом за истакнатото слабо инвестирање и прекумерните заштеди кои централните банки треба да ги имаат во предвид. Според него ниските камати ја поддржуваат потрошувачката и вработувањето – бенефиции кои секогаш се социјално напредни.

„Генерално едно побрзо враќање кон целосна вработеност во замена за тоа би придонело за помала идна нееднаквост“, рече Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП