27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Наивно е да се мисли дека договорот меѓу ЕУ и САД ќе...

„Наивно е да се мисли дека договорот меѓу ЕУ и САД ќе ја спаси Европа од моменталната анемија“

ilu1

Француската влада ги нарече „наивни“ сугестиите дека трговскиот договор помеѓу ЕУ и САД ќе биде од корист за европската економија и дека ќе биде помош за излез од кризата, пренесува интернет порталот „capital.ba“.

Француската министерка за трговија Никол Бриш рече дека „наивно е да се мисли дека разговорите, кои ќе бидат долги и тешки, навистина ќе ја спасат Европа од моменталната анемија“.

Се очекува дека министрите за трговија во ЕУ, во средината на јуни, ќе одобрат преговарачки мандат на Европската комисија. Се очекува разговорите да траат околу две години, иако европскиот секретар за трговија Карел де Гуш изрази надеж дека договорите ќе бидат постигнати до мај следната година.

Бриш исто така истакна дека Париз ќе инсистира на изоставување на европскиот аудиовизуелен сектор од разговорите.

„Ставот на Франција е дека сакаме изземање од разговорите за културни прашања. Тука нема преговори и тоа не претставува изненадување. И порано говорев, и доколку нема исклучоци, нема да има ниту договор“, рече Бриш на синоќешниот состанок на министрите за трговија во ЕУ во Брисел.

На средбата, исто така, присуствувале де Гуш и советникот на американскиот претседател Барак Обама за меѓународна трговија, Мајк Форман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП