2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад во САД, никој не очекуваше

Остар пад во САД, никој не очекуваше

dolarot

Довербата на потрошувачите во САД во октомври oпадна, по растот забележан во претходните два месеци, покажаа објавените податоци на истражувачката компaнија „Conference Board“.

Индексот на довербата на потрошувачите во октомври пaдна на 98,6 поени од септемвриските 103,5 поени, се наведува во соопштението на „Conference Board“, од каде додаваат дека аналитичарите очекувале пад на 100,8 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

„Оценката за актуелните услови на работење и вработување опадна, додека оптимизмот во поглед на краткорочните перспективи во извесна мера ослаби“, изјави директорката на „Conference Board“, Лин Франко.

„Сепак, очекувањата на потрошувачите во поглед на перспективите на приходите во наредните месеци се релативно непроменети. Генерално гледано, владее чувство дека економијата ќе продолжи да бележи раст на среден рок, но со скромно темпо“, додаде Франко.

Процентот на оние кои велат дека бизнис условите се „добри“ е благо намален од 22,7 проценти на 26,2 проценти, додека процентот на оние кои велат дека околностите се „лоши“ порасна од 15,8 проценти на 17,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП