10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитот на P&G

Скокна профитот на P&G

procter-and-gamble

Силната продажба на електрични четкички за заби и други производи за хигиена придонесе за поголема од очекуваната заработка на „Procter & Gamble – P&G“.

Во првиот квартал од фискалната 2017 година, завршен на 30 септември, нето добивката на компанијата пораснала за четири проценти, на 2,7 милијарди долари, додека нето продажбата стагнирала на 16,5 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

„Задоволни сме со напредокoт кој го остваруваме, но сеуште ни прeостанува доста работа со цел да се вратиме на нивото на избалансиран раст“, изјави генералниот директор на компанијата Дејвид Тејлор.

По обjавувањето на деловните резултати, акциите на компанијата скокнаа за 2,3 проценти.

„P&G“ во сите четири квартали од претходната фискална година претрпе пад на приходите поради јакнењето на доларот и забавениот раст на глобалната економија, потсетува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП