2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија и натаму соборува рекорди во извозот на оружје

Германија и натаму соборува рекорди во извозот на оружје

fe62b26bd6751d15560f6a706700536f_c0-114-3000-1863_s885x516

Германија и натаму бележи рекорден обем на извоз на оружје, а критичарите особено предупредуваат на зголемување на извозот на малокалибарска муниција што се поврзува со воените судири на Блискиот исток, пишуваат во вторникот германските медиуми.

„Ирак е во групата земји со најголемо зголемува на увозот на малокалибарска муниција од Германија“, се наведува во извештајот за извозот на оружје на германската владата за првото полугодие од 2016 година, кој треба да биде претставен во среда. Извозот на малокалибарска муниција во Ирак се доведува во поврзаност со фактот дека германската влада ги поддржува курдските вооружени групации во оваа земја.

Откако е на чело на министерството за економија, задолжено за издавање дозволи за извоз на оружје, претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Зигмар Габриел, извозот на малокалибарско оружје во последните три години е во постојан пад, но и покрај тоа опозицијата бара целосна забрана на извозот на овој вид оружје.

Опозициската партија Левица бара забрана за извозот на малокалибарски оружја и муниција, имајќи предвид дека најмногу цивилни жртви во воените судири настрадуваат токму од ваквото оружје.

Вкупно во првите шест месеци од оваа година издадени се дозволи за извоз на оружје во вредност од 4,02 милијарди евра, што е уште повеќе отколку во истиот период од минатата 2015 година, која важи за рекордна во оваа сфера.

На првото место од листите земји увознички на германско оружје, споредувано според обемот на сумите, се наоѓа Алжир, со 1,03 милијарди евра. Тоа се поврзува со испораката на една фрегата која Алжир ја нарачал уште во периодот на претходната германска влада. На второто место се САД, а на третото и четвртото Саудиска Арабија и Јужна Кореја.

Забележителен е и остриот пораст на извозот на германско оружје во Турција, којашто во рок од една година од 25-то место на листата увозници на оружје од Германија се искачила на 8-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП