2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 25-годишни спорови владата на Островот одлучи да го прошири Heathrow

По 25-годишни спорови владата на Островот одлучи да го прошири Heathrow

hitrou33

По 25 години на дебати, владата на Велика Британија денеска даде „зелено светло“ за изградба на нова писта на аеродромот „Heathrow“, објави „ВВС“. Проектот е во вредност од 17,6 милијарди фунти (околу 22 милијарди долари).

Во последните години властите на Островот размислуваа дали да се прошири помалиот аеродром „Gatwick“, наместо и без тоа премногу зафатениот „Heathrow“.

Дискусиите продолжија долго поради загриженоста на екологистите и локалните жители кои живеат во близина на аеродромот. Затоа и кабинетот ветува дека ќе воведе во законот обврска за ограничување на бучавата.

Се очекува, сепак проектот да се соочи со незадоволството на локалните жители и одобрението да се забави. Дури потоа ќе се пристапи кон дизајн и конструкција. Затоа се смета дека патеката ќе биде отворена најрано во 2025-та година.

Според тригодишната студија новата писта на аеродромот „Heathrow“ ќе создаде 70.000 нови работни места до 2050-та година и ќе го зголеми бруто домашниот производ (БДП) на земјата со меѓу 0,65 и 0,75 проценти за истиот период. Тоа би било поддршка за економијата од 146 милијарди фунти (180 милијарди долари) за 60 години, пренесува „Ројтерс“.

Со изградбата на трета писта и нов терминал летовите на „Heathrow“ ќе се зголемат до 740.000 годишно во моментов тие се околу 480.000, дополнува „ВВС“. Предвидено е и зголемувањето на капацитетот на постојните терминали 5 и 2.

Ќе се наметне и изградба на дополнителна инфраструктура, па екстензиите да добие соодветни транспортни врски. Ќе се преговара и со авиокомпаниите, па да го зголемат капацитетот на аеродромот, како и да се подобрат врските со регионалните аеродроми во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП