2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот фонд на Норвешка ги проширува инвестициите во логистички имот во ЦИЕ

Државниот фонд на Норвешка ги проширува инвестициите во логистички имот во ЦИЕ

log-imot3

Државниот инвестициски фонд на Норвешка, најголемиот во светот од овој тип, ги проширува своите инвестиции во логистички имот во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

Фондот добива 50% удел во портфолиото на имот на „Prologis“. Договорот е за 55.3 милиони евра.

Средствата се лоцирани во Полска, Чешка и Унгарија – соодветно крај Вроцлав, Прага и Будимпешта.

Фондот освен тоа продал три имоти во Франција – крај Париз, Блоа и Кавајон кои претходно ги купи преку заедничко вложување со „Prologis“. Договорот е во вредност од 25 милиони евра.

Државниот инвестициски фонд на Норвешка во моментов се бори со несигурноста на пазарот и опасностите поради „Brexit“, бидејќи неговиот главен тек на инвестиции во недвижнини е насочен кон Велика Британија.

Фондот на два пати ги намали оценките на имотите кои ги поседува на Островот, а посебно тешко се справува со постигнување на таков принос кој ќе ја задоволи Владата и неговите потреби од средства за финансирање на буџетскиот дефицит поради ниските цени на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП