2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобрите деловни резултати на компаниите ги поттикнаа индексите на Волстрит

Добрите деловни резултати на компаниите ги поттикнаа индексите на Волстрит

wall stre 33

На Волстрит во понеделникот цените на акциите пораснаа благодарејќи на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на американските компании.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,43 отсто, на 18.223 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,47 проценти, на 2.151 поен, а Nasdaq индексот скокна за 1,0 отсто, на 5.309 индексни поени.

Подемот на индексите во прв ред е благодарејќи на подобрите отколку што се очекуваше деловни извешти на компаниите, Од 120 компании од системот на S&P 500 индексот, кои досега ги објавија извештаите, 78 отсто од нив ги натфрлија очекувањата на аналитичарите.

Додека на почетокот од сезоната на објавата на деловните резултати аналитичарите во анкетата на Reuters очекувале дека заработките на компаниите во третиот годинешен квартал ќе паднат за 0,7 отсто во однос на истиот минатогодишен период, сега проценуваат дела заработките ќе пораснат за 1,1 отсто. Доколку така остане и до крајот на сезоната, изминатото тримесечје ќе биде првото во коешто американските компании забележале раст на заработките, по четирите квартали постојан пад,

„Консензусот на процените во врска со заработките ќе продолжи да се подобрува, благодарејќи, меѓу другото, и на растот на цените на енергенсите и на силната потрошувачака во САД“, вели Чад Морганлендер, портфељ менаџер во фондот „Stifel Nicolaus“.

Од друга страна, под притисок во понеделникот се најдоа акциите на AT&T и на „Time Warner“, бидејќи вложувачите се сомничави во врска со понудата на AТ&T да ја преземе „Time Warner“ за 85 милијарди долари. Цената на акцијата на AТ&T падна за 1,7, а на „Time Warner“ за 3,1 отсто.

Акцијата на „B/E Aerospace“, пак, поскапе за повеќе од 16 отсто, откако произведувачот на авионски компоненти „Rockwell Collins“ понуди 6,4 милијарди долари за преземање на компанијата.

„Активностите на преземања и спојувања (на компаниите) ќе продолжи благодарејќи и на ниските трошоци за финансирање на долговите“, вели Морганлендер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП