2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот долг како „планина“ - ќе помогне ли некој

Грчкиот долг како „планина“ – ќе помогне ли некој

205175496257eb6c7f02feb531156505_w640-1

Официјалните претставници на еврозоната ја одобрија исплатата на траншата за Грција од 2,8 милијарди евра од третиот пакет помош, откако официјална Атина ги спроведе потребните реформи.

Со добивањето на најновата транша која ја одобри Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ), Грција доби 31,7 милијарди евра од вкупно 86 милијарди евра вредниот пакет помош одобрен за таа земја во јули 2015 година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Денешната одлука за исплатата на 2,8 милијарди евра за Грција е знак дека грчкиот народ остварува стабилен напредок во реформирањето на својата земја“, се наведува во соопштението на генералниот директор на ЕСМ, Клаус Реглинг.

Грчката влада, според неговите зборови, достигна пресвртница во реформите на пензискиот систем, во управувањето со банките, енергетскиот сектор и собирањето на приходи.

„Таа исто така презема дополнителни чекори со цел новите приватизации и инвестициските фондови да бидат оперативни“, додава Реглинг.

Доколу Грција примени дополнителни реформи договорени во склоп со спасувачкиот пакет, нејзината економија би можела да се забрза наредната година, а владата би можела да биде во состојба да ја покрене повторно емисијата на обврзници во наредната година, изјави Реглинг.

Министрите за финансии на еврозоната на 10 октомври ја одблокираа исплатата на 1,1 милијарди евра за Грција, но ја откажаа исплатата на уште 1,7 милијарди евра поради „планината“ од неподмирени долгови на Атина.

Целта на Атина, како што наведува АФП, е да ја добие преостанатата транша помош и до крајот на годината да заврши со втората ревизија на пакетот помош, со што би се отворил патот за почеток на преговорите за намалување на огромниот грчки долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП